-->
-->
Скопјанка измамена и ограбена во својот дом - непозната жена и рекла дека и фрлиле магија и и го собрала златото
-->
Вчера В.С.(29) од Скопје пријавила дека истиот ден во 12:40 часот била измамена од страна на непознато женско лице.
Откако лицето дошло во нејзиниот двор со намера да и продаде женска гардероба на пријавителката, почнала да и зборува во врска со животот на В.С. дека некој и направил лоши работи и доколку сака истата може да ги отстрани.
Откако пријавителката од дома донела разновиден златен накит, непознатата жена го ставила во чинија со вода и потоа и рекла дека ќе мора накитот да го однесе до црква, а потоа ќе и го врати.
Непознатата жена го земала накитот и го напуштила местото на настанот и не се вратила. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик