На Дебарско Езеро и годинава ќе има спасувачи на вода
На брегот на Дебарското Езеро, во делот кај градската плажа, каде во летниот период има и најголема посетеност стартуваше екипата спасувачи на вода.
Екипата ја сочинуваат шест момчиња, кои располагаат со соодветен сертифкат. Како и минатото лето се на две локации на градската плажа, а за безбедноста на капачите ќе се грижат до 31 август.
По повеќе од една деценија, првпат спасувачи на вода на дебарската плажа имаше минатото лето благодарение на финансиската поддршка на татковинското друштво „Дибра“ на дебрани во САД, кои и годинава издвојуваат финансиски средства за оваа цел.
- Иако сме далеку од родниот крај тој секогаш не влече, па помагаме во повеќе области. Поддршката е дадена со цел поголема безбедност на нашите сограѓани и гости кои ова лето ќе се разладуваат и рекреираат на Дебарско Езеро. За оваа намена обезбедени се над 3.300 долари. Нашето мото е „надгледувањето и безбедноста на граѓаните на плажите на Дебрско Езеро е над се“, изјави Арби Кука, претставник на друштвото.
На брегот на Дебарско Езеро во летниот период дневно има стотици капачи, а за време на викендите и околу две илјади. Поради недостиг на потребните средства, изминатите неколку години дебарските спасувачи наместо на Дебарско беа ангажирани на брегот на Охридско Езеро.
Ново на Сител
-
Допис на епископот Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
Папата Франциско ќе биде погребан најдоцна за девет дена, соопшти Ватикан
-
Писмо од скопскиот бискуп Киро Стојанов по повод упокојувањето на папата Франциск
-
По смртта на папата, Римокатоличката црква влегува во период на „празна столица“
-
Ѕвоната на катедралата Нотр Дам заѕвонија 88 пати
-
Пожар во стан во Скопје, сопственикот се здобил со изгореници
-
Тројца жители на Конопница од тераса турнале сограѓанин
-
Пожар во стан во Прилеп