Македонија
26. јуни 2018 - 14:19

Дете (15) крадело пари, патики, техничка стока низ Кичево

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против 15-годишник од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторени четири кривични дела „тешка кражба“. 

МВР информира дека тој во периодот од 31 мај до 12 јуни со погоден предмет ги отворил вратите на една сендвичара, еден ресторан и две продавници во централното градско подрачје во Кичево, каде што влегол и одзел  пари, патики, техничка стока и други поситни предмети.