Завршуваат МТФ „Војдан Чернодрински“ и „Рациновите средби“
Со врачување на наградите, во Велес вечер ќе заврши 55-тата поетска манифестација „Рацинови средби“, а во Прилеп 53. Македонски театарски фестивал „Војдан Чернодрински“.
Во трка за награди на театарскиот фестивал, меѓу кои и награда за претстава во целина, се 12 претстави од најновата драмска продукција. За нив одлучува и денеска напладне ќе ги соопшти жирито во состав: Јасна Новаков, Мими Таневска-Србиновска и Драган Спасов-Дац.
Наградите ќе бидат доделени вечер кога е и свеченото затворање на 53. МТФ, а во чест на наградените ќе биде изведена претставата „Не сега, драга“ на Театар Комедија.
Во велешкиот театар „Јордан Хаџиконстантинов-Џинот“, пак, вечер свечено ќе бидат затворени 55. „Рацинови средби“ и ќе бидат врачени трите традиционални награди, а настап ќе има етногрупата „Љубојна“.
На Игор Станојоски ќе му биде доделено Рациновото признание за романот „Диссомнии“, Почесно Рациново признание ќе им биде врачено на авторките на Хрватско-македонскиот речник - Дијана Влатковиќ и Борјана Прошев-Оливер од Хрватска, а наградата „Антологија на болката“ за електронска објава ќе ја добие Емилија Каранфиловска за „Изградив дом во твојот поглед“.
Во текот на денов во рамки на „Рациновите средби“ ќе се одржи меѓународна конференција на тема „Унапредување на статусот и корпусот на македонскиот стандарден јазик - Рацин и македонскиот јазик“ во организација на Советот на македонскиот јазик. Учесниците денеска ќе ја посетат и Спомен-куќата на Рацин каде што ќе биде промовирана книгата „Влогот на Конески во Рацин“ од проф. д-р Вера Стојчевска-Антиќ.
Ново на Сител
-
Филипче за Сител: ВМРО-ДПМНЕ наследи средена држава со стабилни финансии, за година и пол направија хаос
-
Ѓорѓиевски: Ветувам, на крајот на мојот мандат Вардариште ќе биде модерен парк
-
Сиљановска-Давкова oствари средба со грчкиот професор Јанис Армаколас
-
Орбан: Украина има непријателски став кон Унгарија
-
Едно лице убиено, десетици повредени во масовните протести во Перу против претседателот
-
Турција ќе се придружи на потрагата по тела под урнатините во Газа
-
Руски ракети погодија полигон за обука во Украина, неколку мртви
-
Министерката Божиновска учествува на состанокот на министри за економија од Берлинскиот процес