-->
-->
Се интензивираат активностите на автопатот Кичево - Охрид
-->
Дополнителни осум клучки и 40 километри алтернативни патишта до населените места, ќе треба да се изградат како дел од автопатот Кичево - Охрид. Ќе треба да се ископаат и уште осум милиони метри кубни земја за да се стабилизираат свлечиштата и усеците кои во првичниот проект биле со големи наклони, оцени денеска министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
По увидот во изградбата на автопатот Кичево - Охрид, Сугаревски најави интензивирање на активностите со напомена дека за отстранувањето на грешките ќе бидат потребни и време и пари. Клучно ќе биде, како што рече, работите да завршат до утврдениот во 2021 година.
- Проблеми создава и изградбата на тунелот зашто е утната категоријата на земјиштето, а тоа налага дополнителни материјали за заштита и потпора при ископ и забавено изведување на работите, истакна Сугарески.
Според него, градежништвото ќе се врати на посакуваниот правец, а тоа се двоцифрените стапки на раст.
- Имаше забавување на работите бидејќи наследивме огромни проблеми со проектите и слабата реализација во изградбата на „Синохидро“, „Трансмет“ и други компании. Сите тие проблеми што ги наследивме за автопатот Кичево - Охрид и за автотпатот Миладиновце - Штип како најголеми инфраструктурани проекти, беа реална причина да има забавување на работите на терен што силно влијаеше врз намалување на стапката на раст на градежништвото и генерално врз БДП-то, напомена министерот.
Градежните компании, дополни, ја активираа својата механизација не само на автопатиштата, туку и на останатите патни правци.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Родители во Велика Британија поднесоа тужба против ТикТок поради податоци за починати деца
-
Македонија со пораз од Естонија остана без пласман на Европското кошаркарско првенство
-
Доктор: Животот на папата Франциск не е во опасност, тој е добро расположен
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија