Вицепремиерот Бесими се сретна со регионалниот директор на УНИЦЕФ, Мари Пјер Поарие
Вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими денеска се сретна со регионалниот директор на УНИЦЕФ за Источна и Централна Европа и Заедницата на независни држави, Мари Пјер Поарие.
На средбата, како што соопшти Кабинетот на вицепремиерот, станало збор за мерките и активностите кои се преземаат во Македонија во насока на справување со бегалската и мигранската криза, како и за заклучоците од мини Самитот посветен на истата.
Вицепремиерот Бесими истакнал дека Македонија прави се што е во нашите можности и надлежности со цел соодветно справување со состојбата, пред се заштита на животот и здравјето на мигрантите, заштита на националната и јавната безбедност и заштита на јавното здравје, а особено во насока на сузбивањето на криумчарењето со мигранти и трговијата со луѓе.
Меѓу другото тој нагласил дека на Македонија и е неопходна и понатамошна помош од страна на Европската унија и билатералните партнери, во насока на што Секреатријатот за европски прашања организира Донаторски состаноци со меѓународната заедница.
Двајцата соговорници за време на разговорот ги поздравиле заклучоците од мини Самитот и се согласиле дека само со колективен прекуграничен пристап, базиран на солидартност, одговорност и прагматична соработка меѓу националните, регионалните и локалните власти може да се постигне успех во справувањето со предизвикот.
Ново на Сител
-
Едeн загинат во сообраќајка на експресниот пат Штип - Кочани
-
На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори на 8 мај
-
Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден
-
Право на глас на вториот круг од претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350
-
Обилен снег и силен студ ќе зафати делови од Европа во наредните денови
-
Нетанјаху: Израел ќе продолжи да се бори во Газа до победа
-
Четири деца тешко повредени откако паднале од покрив на спортска сала во Штутгард
-
Состојба на патиштата