„Ајнштајновите соништа“ на ЈДП во режија на Унковски гостува во МНТ
Југословенско драмско позориште (ЈДП) од Белград вечер и утревечер ќе гостува во Македонскиот народен театар со претставата „Ајнштајновите соништа“ според истоимениот роман-бестселер на Ален Лајтман во режија на Слободан Унковски. На матичната сцена во ЈДП претставата премиерно беше изведена во октомври минатата година.
- Тоа не е драма. Нема приказна која е едноставна. Но има други работи кои ги шират видиците во мозокот и ги шират видиците на имагинацијата кај публиката и актерите... ЈДП храбро влезе во проектот. Мислам дека храброста е многу важна за репертоарот на театарот: доколку театарот не е подготвен да излезе од регуларниот репертоар, тогаш на еден начин тој стагнира. Чекорот кон непознатото е секогаш возбудлив за сите – за актерите, за мене, за театарот, и секако, секогаш е ризичен, истакнува режисерот Унковски.
Авторот на романот Лајтман (1948) е американски писател, физичар, основач на Фондацијата „Харпсвел“ и член на Американската академија за науки и уметности. Се едуцирал на „Принстон“ и Калифорнискиот институт за технологија каде и докторирал во областа на теориска физика. Лајтмен има и пет почесни докторати. Работел на „Харвард“ и на Институтутот за технологија во Масачусетс.
Напишал шест романи, неколку збирки есеи, мемоари, наративни поеми, како и неколку научни книги. Романот „Ајнштајновите соништа“ станал меѓународен бестселер, преведен е на повеќе од 40 јазици и е поставуван на театарските сцени низ светот. „Вашингтон пост“ ја избра за една од најдобрите книги во 2016 година.
Ново на Сител
-
Кривична пријава против четири лица и фирма за загрозување на животната средина со отпад во Трубарево
-
На жена од кочанско и зел 4000 евра ветувајќи и пензија, па ја прекинал комуникацијата со неа
-
Активни три пожари - кај Винче, на Кожуф и на патот Богданци - Гевгелија
-
ПМФЛ: Победи за Вардар и Работнички
-
Трамп: Путин ме разочара, навистина ме разочара
-
Жител на Чашка измамен за 14 илјади евра, му рекле дека ќерка му имала сообраќајка и треба да се оперира
-
Делови од Карпош и Центар утре без вода
-
Премиера на филмот DJ Ахмет на последниот ден од фестивалот Браќа Манаки