Се реконструира и уредува Домот на културата во Ваташа
Се реконструира и уредува Домот на културата во Ваташа, во пресрет на одбележувањето на 75- годишнината од стрелањето на 12 ваташки младинци, за време на Втората светска војна. Се реконструираат покривот, салата, санитарните јазли на двата ката. Се уредува и просторот околу спомен обележјето во месноста Моклиште.
- За околу два месеца ќе отпочне и уредувањето на кејот на реката Луда Мара од Кавадарци кон Ваташа, како најстаро село во Тиквешијата, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев.
Тој соопшти дека за околу два месеца ќе почне да се реконструира и мостот на излезот од Ваташа кон Моклиште и висорамнината Витачево и планината Кожуф, кој сега претставува црна точка.
Поради досегашната небезбедност на тој мост, имаше неколку сообраќајки.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Ова е триумф на народот, Македонија не избра партија туку вредност и насока
-
Филипче: СДСМ победи во три општини во првиот круг, граѓаните помасовно да излезат во вториот круг
-
Во Струга во втор круг одат независниот кандидат Ќира и кандидатот на НАИ Далипи, во Вевчани победи Спасе Кочовски од ВМРО-ДПМНЕ
-
Османи му ја честита победата на Меџити и му посака успех во водењето на Чаир
-
Ѓорѓиевски води во Скопје, Герасимовски во Центар, а Меџити во Чаир
-
ВРЕДИ прогласи победа во Чаир, Сарај, Боговиње, Теарце, Желино и Арачиново
-
Коњановски: Апсолутна победа на ВМРО - ДПМНЕ во Битола
-
Тодорче Николовски прогласи победа во прв круг во Кратово