Проектот „Топлотен бран“ се спроведува во општина Кисела Вода

Обележано возило на Црвениот крст патролира низ најфреквентните улици во општина Кисела Вода. На граѓаните им се дели студена вода за пиење, се даваат медицински совети на граѓани кои ќе се пожалат на тегоби, а за потешки случаи е обезбеден и транспорт до нивниот дом.
Граѓаните може да добиваат совети и корисни информации за тоа како да се заштитат од високите температури од дежурен лекар. Граѓаните можат да добиваат информации на бројот 071 216 823, секој ден од 11 до 16 часот.
Овие активности се во рамки на проектот „Топлотен бран“, кој општина Кисела Вода и годинава го спроведува во соработка со општинската организација на Црвениот крст-Кисела Вода заради полесно справување со високите температури.
Како што информира општина Кисела Вода, се работи за проект во кој локалната самоуправа учествува со кофинансирање.
Активностите се реализираат од почетокот на јули и ќе траат до почетокот на септември.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
