Рокот за субвенции за овци и кози да се пролонгира до 30 јуни, бараат ветеринарите
- Ветеринарите бараат рокот за поднесување барања за субвенции за овци и кози, од 15 мај, како што е сега дефиниран, да се пролонгира до 30 јуни 2018 година, за да можат квалитетно да ја спроведат мерката вадење крв за дијагностика, вакцинацијата против бруцелоза и да попишување на грлата.
Тие моментно се ангажирани со спроведување на вакцинација на говедата против „јазлеста кожа“, а дури денеска го добиле известувањето од Агенцијата за храна и ветеринарство за почнување на активностите околу сузбивањето и искоренувањето на бруцелозата кај овците и козите.
- Овие проблеми се повторуваат секоја година и, за жал, ставени сме во ситуација, роковите да бидат побитни од мерката која треба да ја спроведеме што е апсурдно и девалвирачки за нашата струка. Мора да имаме доволно време за коректно да ги извршиме работите, и земањето крв и вакцинацијата и попишувањето кое паралелно се спроведува, вели за МИА претседателот на Комората д-р Томислав Николовски.
Ветеринарните лекари уште на 12 март годинава од Министерството за земјоделство побарале рокот за субвенции за овци и кози да биде поместен до 30 јуни 2018. Двапати поднеле барање, но официјално известување се уште немаат добиено.
- На денешниот состанок на членовите на Ветеринарната комора, сите се изјаснија дека до 15 мај во никој случај не може да се спроведе акцијата. Остануваме на првото барање, роковите за аплицирање за субвенции за овци и кози да се одложат до 30 јуни 2018. Во спротивно, не можеме да потврдиме дека мерките ќе се извршат квалитетно и дека навреме ќе се направи пописот, нагласува Николовски.
Според него, токму поради ангажирањето и сериозноста на ветеринарните служби бруцелозата изминативе години е намалена, и кај добитокот и кај луѓето.
Ветеринарните лекари апелираат на поефикасна меѓусекторска и меѓуинституционална соработка за да не се повторуваат проблемите секоја година.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер