-->
-->
Макрон: Франција во следните денови ќе донесе одлука дали ќе ја бомбардира Сирија
-->
Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека во следните неколку дена ќе одлучи дали да бомбардира објекти во Сирија каде што се произведува хемиско оружје.
На заедничка прес-конференција со саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман, Макрон рече дека конечната одлука ќе биде донесена по консултации со САД и Велика Британија.
- Во овој контекст, ние ќе продолжиме да разменуваме технички и стратешки информации со нашите партнери Велика Британија и Америка, и во наредните денови ќе ја објавиме нашата одлука, рече тој.
Макрон додаде дека ако има напади, тие нема да бидат насочени кон сојузниците на сириската Влада, туку против објектите каде што се произведуваат воени отровни материи.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Најмалку 11 загинати, 22 повредени во автобуска несреќа во Мексико
-
Трамп ќе присуствува на Самитот на НАТО во Хаг
-
Македонските одбојкари финишираат со подготовките за Европската златна лига
-
Обновен сообраќајот на Кримскиот мост
-
Вучиќ најавува наскоро закон за Избирачкито список, избори кога тој ќе одлучи
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС призна дека економијата расте – само што не можат да поднесат што расте без нив
-
СДСМ: Kога инфлацијата е 3%, исто колку наводниот раст, нема никаков раст
-
Во Судан нападнат конвој на ОН со храна