Loading Video...
Ракомет
6. April 2018 - 15:31

Вардарки повторно преку Митјиланд до „Ф4“ во Лигата на шампионките

Ракометарките на Вардар вечерва ќе го одиграат првиот меч од четвртфиналето во Лигата на шампионките против данскиот тим Митјиланд. 

Како и лани така и годинава вардарки преку истиот противник ќе бркаат нов настап на завршниот „фајнал-фор“ турнир. 

Црвено-црните се фаворитки во дуелот против данскиот противник, со кој играше и во ланското четвртфинале, во кое ги доби двата меча (28-26, 26-24), но фаворитската улога вардарки ја стекнаа благодарение на 11-те победи дво 12-те одиграни мечеви во групните фази. 

Вечерашниот дуел во Икаст ќе започне во терминот од 19 часот, додека половина час подоцна својот прв меч ќе го одиграат Букурешт и Мец. 

Преостанатите два дуели од четвртфиналето Ференцварош – Ростов-Дон и Будуќност – Ѓер, на програмата се утре, а реваншите ќе се играат следниот викенд.