Loading Video...
Фудбал
6. April 2018 - 14:38

Доминација на домаќините во првите средби од 1/4-финалето во ЛЕ

Првите дуело од четвртфиналето на фудбалската Лига Европа минаа во знакот на домашните екипи. На сите четири средби се радуваа домаќините.
 
Најубедливата победа ја оствари Арсенал кој во Лондон ја победи московска ЦСКА со 4-1, а по два гола за „топчиите“ постигнаа Арон Рамзи (9 и 28.минута) и Александр Лаказет  (23 од пенал и 35), додека почесниот гол за ЦСКА беше ремек делото на Александр  Головин (15) од слободен удар. 
 
Атлетико Мадрид уште во првата минута преку Коке поведе во дуелот со Спортинг Лисабон, кој на крајот заврши со резултат 2-0, а втори0отпогодок за „јорганџиите“ го постигна Антоан Гризман (40.минута). 
 
Со голот на Тимо Вернер на крајот на првиот дел (45+1), Лајпциг минимално со 1-0 го совлада Олимпик Марсеј. 
 
Најмногу голови беа постигнати на „Олимпико“ во Рим каде Лацио со 4-2 го совлада Салцбург.  
 
Реванш дуелите се закажани за следниот четврток (12 април).