Бизарна трагедија: Мајмун грабна бебе од куќа, мајката видела се, но била немоќна да го спаси
Индиската полиција трага по мајмун кој наводно украл бебе од куќа, а чие тело подоцна е пронајдено во бунар во источната индиска држава Ориса.
Мајката на бебето изјави дека се видела, но не можела да го спаси синот. Роднина во неделата го пронашол телото на бебето во бунар зад куќата, ден откако мајманот го однел.
Полицијата истакнува дека ова е многу редок случај, но напоменуваат дека мајмуните често го уништуваат имотот во овој крај.
-Се надеваме дека ќе го фатиме до крајот на неделата, рече припадник на локалната полиција.
Според неговите зборови, често се случува мајмуни да ги напаѓаат луѓето и да влегуваат во куќите во потрага по храна, но ова е прв случај мајмун да грабне бебе.
Мајмунот влегол во куќата во раните утрински часови во саботата. Лекар кој го прегледал телото на бебето изјавил дека не воочил знаци на сериозни повреди и дека судејќи по се, бебето се удавило.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција