ВМРО-ДПМНЕ: Андреј Жерновски нема сработено ништо освен двете боемски улици
Андреј Жерновски е единствениот градоначалник кој нема ништо сработено во својот мандат, освен двете боемски улици од над 1.2 милиони евра, изјави денеска Јордан Ристевски, советник во Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ.
Тој побара од Жерновски да одговори до каде е гасификацијата на училиштата во Општина Центар која ја ветил и оти градинката со која се фалел, целата процедура, документација и финансии биле обезбедени од неговиот претходник. Меѓудругото, посочи дека Жерновски ќе биде запаметен од граѓаните како градоначалник кој уредил 370 метри улички и потрошил 1.2 милиони евра.
- Граѓаните ќе стават крај на ваквото расипничко работење на Андреј Жерновски. Граѓаните на Центар бараат одговорност за неработењето на Жерновски. Центарци на свој грб ја чувствуваат безидејноста и расипништвото на СДСМ, рече Ристевски.
Ново на Сител
-
Организациската директорка на Токсикологија тврди дека клиниката има потреба од 18-те спорни вработувања
-
Пуштен во употреба нов патен правец меѓу Албанија и Косово
-
Палевски спроведен пред судија на претходна постапка
-
Клисаровска: Дневната болница не е затворена, точно е дека пациенти на Онкологија чекаат со часови бидејќи немаме доволно персонал
-
Албанија ќе почне со производство на оружје и муниција
-
Албанската полиција почна контрола на целата територија и државната граница со беспилотни летала
-
Едно лице загина, повеќе се повредени на лет од Лондон кон Сингапур по големи турбуленции
-
Михаил Гацов освојува злато за Италија и сонува да се бори за Македонија