Македонија
21. October 2015 - 8:51

Седници на три собраниски комисии

Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат Комисијата за финансирање и буџет, Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодавно-правната комисија. 

Во Комисијата за финансирање и буџет ќе продолжи амандманската расправа за Предлог буџетот на РМ за 2016 година.

На дневен ред на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство се измените и дополнувањата на Законот за пасиштата, на Законот за земјоделското земјиште и на Законот за продажба на земјоделското земјиште во државна сопственост, сите во прво читање. 

Законодавно-правната комисија ќе расправа за закони во прво читање и автентични толкувања.