Брзата помош на поликлиниката Букурешт е целосно функционална
Службата на Итната медицинска помош при поликлиниката Букурешт е целосно функционална од синоќа во ноќните часови, кога се случи испадот во една од трафостаниците, поради што беше доведено во прашање снабдувањето на објектите на поликлиниката со електрична енергија, соопшти Здравствен дом на Скопје - Скопје.
- Ниту еден пациент нема да остане без преглед. Сите пациенти и граѓани кои имаат закажано преглед во поликлиниката Букурешт, ќе може да го реализираат прегледот кај друг специјалист во друга поликлиника, за што отворивме линии за навремено информирање и тоа ќе се спроведува така до конечното отстранување на дефектот. Службата на Итната медицинска помош работи без проблеми, информира преку соопштение директорот на Здравствен дом на Скопје – Скопје, д-р Злате Мехмедовиќ.
Додаде дека на дефектот во трафостаницата се работело во текот на целата ноќ и оти се очекува негово брзо санирање, колку што го дозволуваат тоа временските услови.
- Во меѓувреме, синоќа и во текот на целата ноќ, навреме, презедовме се што е потребно за префрлување на вакцините, на инсулините и на биохемиските реагенси на безбедни локации во другите поликлиники, со што спречивме какви било материјални штети или оштетување на здравствените препарати, истакна Мехмедовиќ.
Поради голем дефект на трафостаницата, прегорен кабел објектот на поликлиниката Букурешт е се уште без напојување со електрична енергија. Закажаните прегледи преку Мој термин е овозможено да се реализираат во други поликлиники.
Саботното дежурство на специјалистичките служби ќе се реализира во поликлиниката Битпазар од осум до 16 часот.
За реализацијата на прегледите, граѓаните и пациентите може да се информираат на телефонските броеви: 075 369575, 070 350758 или лично во поликлиниката Букурешт.
Ново на Сител
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен
-
Турција ја одобри екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо
-
Мицкоски: Очекувам ДУИ да оди во опозиција, немаме ни елементарна доверба за соработка со нив
-
Ново бебе алпака во скопската Зоолошка градина
-
Вучиќ: Една третина од новата српска влада ќе биде составена од нови луѓе
-
Осигурителните компании не ја почитуваат препораката на Финансии, полисите и денеска по повисоки цени
-
Следува период на променливо време со повремени локални врнежи од дожд
-
РКЕ: Само 2,75 отсто од струјата е од увоз, на праг сме до енергетски независна држава