Пожар на оџак во Кавадарци, причина неправилно изведената градба
Секој ден по еден пожар на оџак во Кавадарци, веќе десетина дена, алармираше во изјава за МИА Илчо Богевски, командир на кавадаречката Територијална противпожарна единица.
Последниот пожар бил синоќа околу 22 часот и настанал поради неправилно изведен оџак.
- Сите четири дрвени греди од кровот на куќата, беа завлезени во оџакот. Се чудиме како е можно воопшто да не се размислува за потенцијалната опасност од пожар во таков случај. Впрочем, во најголем дел од пожарите кои почнуваат кај оџаците, се токму поради невнимателната изведба на димните канали. Затоа апелираме до населението, да се внимава, во близина на оџаците да нема дрвени греди или регали и плакари, дециден е Богевски.
Според него, само навременото забележување на пожарот од страна на соседите, во неговата почетна фаза, било пресудно тој да не се прошири и да нема поголема штета.
Командирот на пожарникарите потсетува дека освен поради неправилна изведба, пожари се јавуваат и кај оџаци кои не се чистат редовно. Апелира на редовно чистење на димните канали како превентива. Нагласува дека и покрај навидум топлите временски услови, неопходна е внимателност, бидејќи пожарите демнат. Додава дека за сите нејаснотии, секој може слободно да се обрати и побара помош и совет во нивната противпожарна единица или на бројот 193 кој е бесплатен.
Ново на Сител
-
Шолц по состанокот во Париз: ЕУ и САД не треба да се делат околу мировните преговори за Украина
-
Eвропските лидери за можноста за испраќање мировници во Украина
-
Димитриевски: Државниот грб ги задоволува сите потреби и ја отсликува реалноста на македонскиот народ и држава
-
Без струја утре дел од Општина Аеродром
-
Владата утре ќе дискутира за предлозите на трговците и ќе разгледа дополнителни можности
-
Од среда намалување на облачноста и ниски утрински температури
-
Предлогот за разрешување на јавниот обвинител Коцевски утре на седница на Влада
-
Кривична за гостиварец кој се обидел да прегази полицаец