Бизнис
16. March 2018 - 8:24

Трибина „Денационализација - 20 години потоа“

„Денационализација-20 години потоа" е насловена трибината што ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на активот на жени при Здружението на бизнисмени Власи Мандра. 

Според организаторите, повод за отворање дебата на оваа тема е бавната реализација на денационализацијата.

Годинава, потсетуваат, се навршуваат 20 години од донесувањето на првиот Закон за денационализација и 70 години од одземањето на имотите со Законот за национализација во 1948 год.