-->
-->
Примера: Хихон дојде до бод против Гранада
-->

Фудбалерите на Гранада, иако водеа со два гола разлика (3:1) до 88.минута на синоќешното гостувањето кај Спортинг Хихион, сепак на крајот не успеаја да ја забележат својата втора победа оваа сезона во Примера. Конечниот резултат е 3:3, а домаќините изедначувачкиот гол го постигнаа во шестата минута од судиското надополнување.
Со освоениот бод Спортинг Хихон сега има вкупно девет по што се искачи на 12.место.
Гранада остана на последната позиција со само пет освоени бодови.
Резултати на другите средби од 8.коло:
Бетис – Еспањол 1:3,
Валенсија – Малага 3:0,
Еибар – Севиља 1:1,
Барселона - Рајо Ваљекано 5:2,
Реал Мадрид – Леванте 3:0,
Виљареал – Селта 1:2,
Реал Сосиедад – Атлетико Мадрид 0:2,
Хетафе – Лас Палмас 4:0,
Депортиво – Атлетик Билбао 2:2.
Табела: Реал Мадрид 18 бодови, Барселона 18, Селта 18, Атлетико Мадрид 16, Виљареал 16,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
