Разрешена генералната секретарка на српскиот Парламент поради злоупотреба на должноста

Српскиот Парламент денеска ја разреши од должност генералната секретарка на Народното собрание Светислава Булајиќ по препорака на Агенцијата за борба против корупцијата.
Булајиќ е разрешена со 135 гласови „за“ од вкупно 138 присутни пратеници, од кој еден гласал „против“, а двајца „воздржани“.
Агенцијата за борба против корупцијата претходно достави до претседателката на српскиот Парламент, Маја Гојковиќ предлог за разрешување на Булајиќ, поради што таа противзаконски си уплатувала средства за службени патувања во странство и наплатувала дневници, но и си пресметувала прекувремена работа.
Според Агенцијата, Булајиќ во 2017 година сама себе си се испраќала на службен пат во Истанбул, во Киев, во Единбург и во Варшава и наплаќала девизни аконтации на име на дневници. Таа за прекувремена работа земала 163.061 динари (приближно 1.400 евра).
Ново на Сител
-

Шведска планира затворски центри за криминалци на возраст од 13 години поради растот на криминалот на бандите
-

Алиоски нема да биде на располагање за дуелот со Велс
-

Отворен ден за граѓаните утре на Неврологија, без упат ќе се врши бесплатен доплер на каротидни артерии
-

Уапсен ограбувачот на филијали за брзи кредити
-

Поради невремето две големи дрвја паднаа во Капиштец, целосно го блокираа сообраќајот кај Козара
-

Албанија екстрадира во Австрија македонски државјанин баран за трговија со дрога
-

Уапсени двајца полицајци соучесници на грабежот во златара во Гостивар
-

Уапсен директорот на Комунална хигиена
