Драма во Сарај: Ќе те убијам тебе и семејството ако не ми ја дадеш ќерката!
Во Полициското одделение Сарај вчера во 10:00 часот Е.Б. (46) од с.Љубин-скопско, пријавил дека од страна на неговиот внук Е.Б. (19) му била загрозена сигурноста.
Според кажувањето на пријавителот, истиот ден преку вибер, Е.Б. му испратил пораки со закана дека ќе го убие него и неговото семејство доколку не му ја даде неговата ќерка.
Претходно, на 14-ти овој месец околу 23:50 часот му се јавил неговиот братучед А.Б. и го предупредил да внимава затоа што неговиот внук избегал од домот.
Тој избегал откако дознал дека пријавителот ја верил неговата ќерка и бил револтиран затоа што бил во љубовна врска со неа. Пријавителот, исто така, појаснил дека внукот Е.Б. на 31.12.2017 година ја зел неговата ќерка и два дена биле заедно во хотел во Тетово без негова дозвола, а бидејќи не знаел каде е ќерка му тој ја пријавил за исчезната во Полициската станица.
Ново на Сител
-
Швајцарска олимпијка загина во лавина
-
Украинецот Горига уште една сезона во Вардар 1961
-
Тајните на добро политичко интервју | Васко Ефтов | Неформално | Sitel Podcast 076
-
Изгласан Буџетот на Град Скопје за 2025 година
-
Градот Скопје демантира
-
Пакетчиња со поминат рок
-
Кочани: Со „југо“ влетал во кафеанска маса, а потоа со нож го ранил познаникот
-
Пукање во Чаир - Се расправале во работилница па едниот почнал да пука во другиот