Седница на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувања денеска едногласно ја изгласа Предлог-одлука за дополнување на Одлуката за основање на пратенички групи на Собранието на Република Македонија за соработка со парламентите на други држави и избор на претседатели и членови на пратеничките групи на македонското Собрание за соработка со парламенти на други држави.
Членовите на Комисијата ја изгласаа и Предлог-одлука за разрешување и именување на претседател и членови на Одборот за доделување на државната награда „8 Септември".
За претседател на Одборот предложен е Ѓорѓе Војновиќ истакнат спортист, а за членови: Зоран Радиќ, Ленче Алексовска-Величковска, Јовица Угриновски, Руждија Калач, Александар Пујовски, Атанас Николовски, Врбица Стефанов, Пепи Манасков, Зоран Михајловски, Гоце Седловски, Астрид Исени и Мустафа Алиу.
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување