-->
-->
Раул се повлекува од фудбалските терени
-->

Легендта на Реал Мадрид Раул Гонзалес Бланко, во ноември, ќе стави крај на фудбалската кариера. Еден од најдобрите играчи во историјата на шпанскиот фудбал, во пензија ќе замине како играч на Космос од Њујорк.
„Не е лесно да се донесе ваква одлука, но мислам дека сега е вистинското време да кажам збогум“, рекол Раул.
Во кариерата Раул бил играч на Реал, Шалке, Ал Сад и Космос. По завршувањето на кариерата тој би можел да остане да работи во Космос, во локалната фудбалска академија.
Најголемите успеси во кариерата Раул го оствари во Реал, со ’кралскиот клуб’ за 16 години освои три титули европски првак. и шест во првенството на Шпанија.
До пред десет дена Раул беше најдобриот стрелец во историјата на Реал со 323 постигнати голови, сега на првото место е Кристијано Роналдо.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Приведено едно лице од гостиварско, пронајдена дрога
-

Зеленски: Русите ја нападнаа Украина со повеќе од 450 дронови и 45 ракети
-

Од патарина во првите девет месеци инкасирани 58,725 милиони евра, електронската наплата 35 проценти
-

Најмногу дожд изминатото деноноќие наврал во Пожаране и Попова Шапка
-

Трамп: Ниту еден американски претставник нема да патува на самитот Г20 во Јужна Африка
-

Почина нобеловецот Вотсон, еден од научниците што ја откри структурата на ДНК
-

Кривично ќе се гонат четири лица за организирање борби со кучиња
-

АМСМ: Возете внимателно, коловозите се влажни
