Дали аспиринот може да излечи еректилна дисфункција?

Научници од Универзитет во Истанбул, во период од шест недели, го следеле однесувањето кај 184 мажи, на просечна старост од 48 години, од кои околу 70 отсто од нив не можеле да постигнат ерекција.
На група од 120 мажи и бил даван аспирин од 100 милиграми, додека останатите добивале плацебо. Во период од шест недели, научниците, од време на време, им поставувале две прашања:
1. Дали можевте да ги ставите својот пенис во вагина?
2. Дали ерекцијата беше доволно долга за да би имале успешен однос?
Двете групи на мажи, во околу 50 отсто од случаите, на првото прашање одговориле со „да“, а помалку од една третина од нив од секоја група потврдно одговориле и на второто прашање. До крајот на истражувањето нивните одговори станувале различни.
После шест недели, мажите кои земале аспирин, на првото прашање одговарале позитивно во 88.3 отсто од случаите. 78 отсто од нив позитивно одговориле и на второто прашање. Научниците тврдат дека тие бројки не се далеку од оние кои се однесуваат на употребата на вијагра.
Мажите кои шест недели земале плацебо, на првото прашање одговориле со „да“ во 59, а на второто во 43 отсто од случаите.
Коментирајќи го фактот дека состојбата на испитаниците до крајот на истражувањето се подобрила, главниот автор на истражувањето доктор Зеки Бајрактар, вели дека некои мажи имаат поголем волумен на тромбоцитот од останатите.
Уролозите, меѓутоа, предупредуваат дека истражувањето на опфатило голем дел од пациентите кај кои ризикот од еректилна дисфункција е најголем, а тоа се заболените од дијабетес, хипертензија и коронарни артериски болести.
„Потребни се дополнителни истражувања за да може да се утврди дали аспиринот навистина може да спречи и излечи еректилна дисфункција“, смета докторот Даршан Пател, од Одделението за урологија во еден Медицински факултет.
Ново на Сител
-

Срдановиќ ги најави следните чекори: Членство во ЕУ, закон за лустрација и дијалог за Косово согласно Уставот на Србија
-

Ѓорѓиевски: Редовна акција за темелно чистење на плоштадот „Македонија“, повторно оживува и подната фонтана
-

Срдановиќ: Нема да ги злоупотребуваме отворените прашања со Хрватска
-

Видливи повреди забележани кај ученичка од основно училиште во Велес - МВР го расчистува случајот
-

Кривична за 19-годишен скопјанец - вонбрачно живеел со малолетно девојче
-

81-годишна жена починала откако била прегазена од автомобил
-

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу
-

Николоски за проблемот на транспортерите: Можеме да одржуваме одлични конференции, но ако останеме затворени, беспредметен е секој разговор
