Кабинет на Џафери: Ќе се разгледуваат амандманите за Законот за јазиците
Сите амандмани за Законот за јазици, во трето читање, се преведени, архивирани, обработени и ставени на е-Парламент, соопшти денеска Кабинетот на претседателот на Собранието.
Службата на Собранието, стои во соопштението, уредно постапуваше и постапува во рамките на своите надлежности и задолженија, се до целосното завршување на процесот.
- Со оглед на големиот број амандмани, истите потребно е да се разгледаат и да се постапи по нив согласно одредбите на Деловникот за работа на Собранието на Република Македонија, по што Законот за јазици ќе биде разгледан, се наведува во соопштението од Кабинетот на претседателот на Собранието.
Законот за употреба на јазиците, со кој се унапредува употребата на албанскиот јазик е во трето читање и за него опозициската ВМРО-ДПМНЕ поднесе 35.576 амандмани. Законот беше донесен на 11 јануари, а претседателот Ѓорге Иванов една недела подоцна стави вето на законот и до Собранието достави низа укажувања.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг