Путин: Руската армија е меѓу најдобро вооружените во светот
– Армијата на Русија е една од најдобро вооружените во светот, што го докажува и воената операција во Сирија, изјави рускиот претседател Владимир Путин на конференција посветена на резултатите од специјалната операција во Сирија.
Според него, „поразот на добро вооружени групи терористи во Сирија“ ја покажа силата на руската армија и на морнарицата. Освен тоа, операцијата ја покажала „традиционалната сигурност и ефективност на руското оружје“.
- Во голем број системи за вооружување Русија нема рамни на себе, но за да се задржи светското лидерство во сферата на вооружувањето треба постојано и напорно да се работи, да сме чекор напред, а не да храниме илузии, истакна рускиот претседател.
Тој цитираше податоци на Министерството за одбрана, според кои во Сирија биле користени „215 современи и перспективни видови оружје“ кои генерално ги потврдиле нивните „високи функции“.
Путин истакна дека со позитивни резултати бил и првиот обид за примена во борба на прецизно оружје со голем дострел со воздушна и морска база. Тој прецизира дека главно се работи за ракетите „Калибар“ и помалку познатите ракети „Х-101“ (се изговара Ха-101). Путин, исто така, потсети и за дебито во воени услови на авионите од руската стратешка авијација.
Ново на Сител
-
Украинските војници не сметаат дека наскоро ќе има крај на војната
-
Полицаец се самозастрела во Скопје
-
47-годишен турчин измамен во Штип за сума од 3.550 евра
-
Минчев: Меџити да не се однесува како Алиса во Земјата на чудата
-
Извори од Ватикан: Денес или утре ќе се знае како папата Франциск реагира на новата терапија
-
Обвинетите имале неуспешен прв обид три дена пред грабнувањето на Вања
-
Во сабота сончево, но студено, во недела пораст на температурите, а од понеделник повремено дожд и снег
-
Мерц е шокиран од Трамп и Путин