Еврокомесарот Хан го поздрави ратификувањето на Договорот со Бугарија
Еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан на Твитер го поздрави денешното ратификување на Договорот за добрососедство со Бугарија во Собранието на Република Македонија.
- Тоа е важен чекор во вистинска насока на патот на земјата кон ЕУ. Договорот е исто така пресвртница во добрососедските односи за целиот регион на Западен Балкан, пишува во Твитер објавата на еврокомесарот Хан.
Пратениците денеска на 30-тата собраниската седница со 61 глас „за“ и еден „воздржан“ го изгласаа Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Во работата на Парламентот не учествуваа пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Договорот меѓу Република Македонија и Република Бугарија беше потпишан на 1 август 2017 година од премиерите на двете држави, Зоран Заев и Бојко Борисов, заради зацврстување на меѓусебните пријателски односи, унапредување на добрососедството, развивање сестрани меѓусебни односи, согласно меѓународното право.
Ново на Сител
-
Уапсен 40-годишник од Скопје, баран за издржување казна затвор од четири години
-
Меси: Сите сакаа да го копираат Гвардиола
-
На „Табановце“ се чека до половина час, на „Богородица“ и „Дојран“ до 15 минути
-
Првпат побарани мерки за претпазливост за еден осомничен за пожарот во Кочани кој до сега бил на лекување
-
Српскиот претседател порача дека не смее да продолжи блокадата на РТС
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС тврдеа дека уставните измени се последно барање на Бугарија, сега од таму ги демантираат
-
Во Прилепско пронајдени неексплодирани гранати од Прва светска војна
-
Пожар во куќа во Кавадарци, пронајдено тело на машко лице кое најверојатно се задушило