Петрушев: Дојавите за бомби ни пристигнуваа од САД, Украина, Турција и Јапонија
Секретарот на Советот за безбедност на Русија, Николај Петрушев, изјави дека извештаите за бомбите, наводно поставени во 2.500 објекти во Русија, биле примени од „телефоните на терористите" од САД, Украина, Турција и Јапонија.
- Од септември, околу еден милион луѓе се евакуирани од повеќе од 2.500 објекти низ цела Русија поради лажни дојави за бомби, изјави Петрушев за руското списание „Руски аргументи и факти".
Според него, 75 руски региони добиле лажни информации за бомби, а истрагата покажала дека голем број од овие повици доаѓаат од странство преку ИП телефонија (Internet protocol telephony) од Турција, Украина, САД и Јапонија.
- Поради тоа, ја интензивиравме нашата соработка со нашите партнери од странство, со цел да ги здружиме напорите за наоѓање и изведување пред лицето на правдата на оние кои се вклучени во такви злосторства, рече Патрушев.
Ново на Сител
-
Пет држави, еден тим: Кога продажбата не знае за граници, различностите создаваат резултати
-
Апел за донации за лекувањето на студентот Спасение Анчески во Загреб
-
Тепачка во Виница, едно лице завршило на Клиника во Скопје
-
Наставник физички нападнал ученик во Кисела Вода
-
Тешко повреден полицаец откако во него удрило патничко возило
-
Прегазен пешак во Охрид
-
ДИК ги утврди изгледот и содржината на гласачкото ливче
-
Кашиковски: Ако не биде исплатена августовската плата, од понеделник вработените во „Флораком“ и „Луна“ повторно на протест