Македонија
29. November 2017 - 9:21

Јавна расправа за нацрт-стратегијата во културата 2018-2022 во Кавадарци

Во Домот на култура „Иван Мазов-Климе“ во Кавадарци денеска ќе се одржи јавна расправа по предлог - стратегијата во културата 2018-2022.

Јавната дебата е во организација на граѓанското здружение Култ-Транзен, во соработка со Министерството за култура, а со поддршка од УСАИД-Проектот за граѓанско учество.

Дебатите се реализираат со поддршка од граѓанскиот сектор и од локалната самоуправа и се во насока на децентрализација на расправата за стратегијата во културата за наредниот петгодишен период, со што во дебатата се вклучуваат сите чинители во културата, од независната сцена и од институциите.

На дебатите учествуваат претставници од партнерските организации, локалната самоуправа и националните установи на културата, локалните партнери и граѓанскиот сектор, претставници на Работната група за стратегијата и на Советот за култура, како и независни уметници и културни работници.