Критичен момент во потрагата по исчезнатата аргентинска подморница
Операцијата за пронаоѓање на аргентинската воена подморница „Сан Хуан“, која исчезна во јужниот дел на Атлантикот, трае цела недела и стигна до „критична фаза“, со оглед на тоа што 44-членниот екипаж можеби веќе се соочува со недостиг на кислород, соопшти портпаролот на Воената морнарица на Аргентина. Енрике Балби.
Тој повтори дека „Сан Хуан“ ја бараат десетици авиони и бродови од 12 земји, меѓу кои и Аргентина, Бразил, Велика Британија, САД и Чиле.
Ако, подморницата, која е направена пред повеќе од 30 години во Германија, потонала или поради некоја причина не може да исплови на површината, откако последен пат прати сигнал на 15 ноември, таа веќе би требало да ги троши последните резерви со кислород.
Досега не е откриено ништо што би можело да укаже каде е и што се случува со „Сан Хуан“.
Аргентинската Воена морнарица на 15 ноември информираше дека подморницата „Сан Хуан“ со 44-член екипаж исчезнала, откако испловила од пристаништето Ушуаја на Огнената Земја и се упатила кон Мар дел Плата
Подморницата требало да контактира со командата, но не го сторила тоа. Последен пат дала податоци за својата локација на 13 ноември.
Ново на Сител
-
„Вратете ѝ ги боите на Фросина“ порачаа илјадници граѓани на масовниот протест
-
Заврши акцијата „Вардар“, приведени десет лица
-
Културните работници и уметниците во Србија најавуваат за утре блокада на Министерството за култура
-
Данска владее со светскиот ракомет: Историска четврта последователна титула
-
СП во ракомет: Франција ја освои бронзата во драматична завршница
-
Пандов: Затворски полицаец му овозможил на Јованов мобилен во притвор, поднесена е претставка и претстои суспензија
-
Вучиќ повика на разговори со универзитетските претставници „Што е можно поскоро“
-
Започна протестниот марш „Правда за Фросина“ кои го предводат нејзините родителите