Централ Азија металс нов сопственик на рудникот Саса
Компанијата Централ Азија металс (Central Asia Metals PLC), со седиште во Лондон, Велика Британија, и официјално стана сопственик на рудникот Саса од Македонска Каменица, откако на Лондонската берза денеска беше завршена постапката за купување на 100 проценти од Линкс Ресорсис Лимитед (Lynx Resources Limited), поранешниот сопственик на рудникот.
Компанијата Централ Азија металс ја купи Линкс ресорсис лимитед за 402,5 милиони долари.
Претходно, компанијата доби одобрение за аквизицијата од страна на Комисијата за заштита на конкуренцијата на Република Македонија. Аквизицијата е извршена според правилата на Лондонската берза, на која котира Централ Азија металс.
- Задоволни сме што процесот на аквизиција заврши успешно и што се отвора патот за успешно иднина на рудникот Саса. Веруваме дека со тоа ќе дадеме дополнителен поттик за севкупен развој на локалната заедница, но и на македонската економија, изјави извршниот претседател на Централ азија металс, Ник Кларк (Nick Clarke).
Централ Азија металс е компанија со големо оперативно искуство, а поседува 100 проценти од операцијата за бакар Коунрад и 80 проценти од концесијата за истражување на бакар во Шаук, и двете во Казахстан.
Ново на Сител
-
Шеснаесет пожари регистрирани низ Македонија – три сè уште активни
-
Трамп: Џорџ Сорос и неговиот син треба да бидат обвинети за поддршка на насилните протести
-
Алиев: Трамп заслужува Нобелова награда за мир
-
Што ја гуши Преспа со Јован Тозиевски | Неформално | Sitel Podcast 111
-
На ГП Богородица се чека 40 минути, на ГП Дојран 20, а на ГП Табановце 30 минути
-
ЦУК: Регистрирани 12 пожари на отворен простор, четири изгаснати
-
Кремљ: Средба меѓу Путин и Зеленски треба да биде добро подготвена
-
Јавниот автобуски превоз во Скопје утре по неделен возен ред