Хорор во Токио: 9 човечки трупови пронајдени во стан, отсечените глави ги чувал во замрзнувач

Јапонската полиција уапси еден маж, откако во неговиот стан во Зама, близу Токио, пронајде делови од девет различни тела, јави Би-Би-Си.
Полицијата пронашла две човечки глави во ладилникот, кој се наоѓал пред станот на 27-годишниот осомничен Такахиро Шираиши, и тоа за време на истрагата за една исчезната жена.


Покрај тоа, полицијата пронајде и делови од тела на осум жени и еден маж, во различни стадиуми на распаѓање.
Шираиши призна пред полицијата дека убил девет лица и ги сокрил нивните тела.

- Ги убив и ги обработив нивните тела за да ги скријам доказите, прецизираше Шираиши.

Неговиот сосед изјави дека откако Шираиши се доселил во август годинава, почнал да чувствува чудни мириси.

Полицијата го истражуваше исчезнувањето на 23-годишна жена, која не била видена од 21 октомври. Истражителите откриле дека Шираиши бил во контакт со неа, откако таа на Интернет напишала дека сака да изврши самоубиство.
Ново на Сител
-

Иран тврди дека погодил локации во Израел и три американски воени бази
-

Украинската војска тврди дека Русија ја засилила офанзивата, но не успева да ги изврши задачите
-

38-годишник од Василево физички нападнал полицаец и тешко го повредил
-

Вработена во банка во Тетово присвоила 39.000 евра кои требало да ги стави на сметка на корисник
-

Фудбалски тренер од Куманово нападнат од малолетник од неговиот клуб и неговиот татко
-

Научниците предупредуваат: Сателитски податоци открија сериозен проблем - целата планета е загрозена
-

Мицкоски најави реконструкција на Владата во мај или јуни
-

Просечната нето-плата во јануари 46 617 денари
