-->
-->
Споменик на Садам Хусеин подигнат во Западен Брег
-->
Палестински активисти во Западен Брег подигнааа споменик на поранешниот лидер на Ирак, Садам Хусеин.
Хусеин е прикажан со шешир и пушка вперена во небото. Споменикот е подигнат минатата недела во градот Калкилија, Западен Брег.
Споменикот е подигнат од малиот огранок Арапски либерациски фронт, а на церемонијата на откривање на споменикот присуствувал и гувернерот на Калкилија. Општината одбива да го коментира споменикот.
Хусеин е популарен меѓу Палестинците бидејќи истрела десетици „скад“ ракети врз Израел за време на Заливската војна во 1991 година.
Хусеин беше соборен од власт за време на инвазијата на САД врз Ирак во 2003 година, а три години подоцна е погубен.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Не е вистина дека гори брод во Охридското езеро, демантира МВР
-
МВР со показна вежба на Охридското Езеро
-
ЦУК: До 18 часот 22 пожари на отворено од кои 14 се активни
-
Голем пожар во Националниот парк "Преспа" - Пустец, ситуацијата станува сериозна
-
Неуспешен 53-ти обид за конституирање на косовскиот парламент, следниот вечерва во 22:00 часот
-
Николоски: Во Гевгелија го пуштивме за употреба Западниот Булевар „Св. Климент Охридски"
-
Голем пожар избувна попладнево во близина на Струмица
-
Врвните светски параглајдеристи се натпреваруваат во Крушево