БЕГ: Од утре почнува регуларниот период од грејната сезона во Скопје
Од утре почнува регуларниот период од годинашнава грејна сезона кога испораката на топлинска енергија до потрошувачите се врши по строго утврдени правила и дијаграми во зависност од атмосферските услови и надворешните температури што се утврдени во регулативата за испорака на топлина до потрошувачите одобрена од Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), соопштува БЕГ.
Оттаму прецизираат дека согласно утврдените павила, доколку надворешните температури се пониски се испорачува поголемо количество топлинска енергија и обратно, така што домовите на корисниците треба дабидат загреани со температури не пониски од 20 +1 степен Целзиусов.
- Во исто време, со овие правила и дијаграми на испорака се обезбедува оптимална потрошувачка на топлинска енергија и минимални можни трошоци за греење на корисниците. При одредени атмосферски услови на доволно топло време кога не е потребно никакво греење, се прекинува испораката на топлинска енергија во периодите на високи надворешни температури, а веднаш по намалувањето на надворешните температури под определените вредности, греењето повторно се вклучува, прецизираат од БЕГ.
Потсетуваат дека оваа година грејната сезона почна пред 15 октомври, кога согласно регулативата во одредени денови заради наглото заладување и просечни дневни температури пониски од 12 степени, РКЕ даде одобрение за испорака на топлина за да се обезбеди потребниот комфор на потрошувачите.
За сите детали за испораката на топлинска енергија, потрошувачите на БЕГ може да се информираат на веб-страницата www.beg-snabduvanje.com.mk (Мрежни правила за дистрибуција на топлинска енергија Прилог 3), или да се обратат до Центарот за грижа за потрошувачи на телефонскиот број 3076-200 или преку е-пошта на: contact@beg-snabduvanje.com.mk.
Ново на Сител
-
ДСЗИ со вонреден инспекциски надзор за починатото седуммесечно бебе
-
Тошковски: Кривична пријава за поранешниот премиер и вицепремиер
-
Седуммечесно бебе почина на Детската клиника
-
Финансиски соработник во СОЗР осомничен за злоупотреба на службената положба, 23 други лица осомничени за прикривање
-
Сијарто: На Украина и треба примирје, а не дополнително вооружување
-
Совети за поцврста врска
-
Горивата поскапуваат од половина до еден денар по литар
-
Мицкоски: За неполни шест месеци почнати осум нови инвестиции вредни над 700 милиони евра