Тоневски: Граѓаните на Пробиштип заслужуваат модерна општина
Граѓаните на општина Пробиштип заслужуваат да живеат во модерна, урбанистички и инфраструктурно уредена општина, изјави кандидатот на ВМРО за градоначалник, Тони Тоневски.
- Со сите проекти кои ги реализиравме во изминатите осум години, ликот на нашата општина е целосно променет, додаде тој.
Тој ги наброја исполнетите ветувања за изградба на филтер станица, градски пазар, капела, изградба на улици, изградба на спортски терени, реконструкции на училишта и јавните објекти придонесоа за подобри услови и повисок стандард за живеење.
- Индустриските зони кои ги направивме веќе ги даваат своите резултати, рече Тоневски.
Тој додаде дека со новата програма се предвидени уште поголеми инвестиции за квалитетна инфраструктура, нови проекти за подобро и поквалитетно образование, нови проекти за поголема детска и социјална заштита, проекти за чиста и здрава животна средина.
Во наредниот период, меѓу другото, како што најави фосукот ќе биде на изградба на пречистителна станица за отпадни води.
- Со изградбата ќе се реши долгогодишниот проблем на жителите на Пробиштип и Ратавица, а нејзината изградба ќе доведе и до унапредување на животната средина, додаде тој.
Предвидено е извршувфање рехабилитација на постоечкиот систем за водоснабдување, автоматизација на пумпите во Ратавица и изградба на систем за снабдување со техничка вода.
- Пробиштип има потенцијал за користење на обновливите извори на енергија. Токму затоа ќе формираме јавно претпријатие за производство на електрична енергија кое ќе изврши поставување на сончеви панели на повеќе локации, како и поставување на турбини во примарната водоводната мрежа за производство на електрична енергија. Ќе ја доизградиме инфраструктурата во двете индустриски зони. Преку отворање на Бизнис инкубатор ќе обезбедиме канцелариски простор и поддршка на младите претприемачи за отпочнување на сопствен бизнис, додаде тој.
Тој вети и продолжување на доасфалтирање на улиците кои останаа неасфалтирани во градот Пробиштип, како и улиците во Злетово, Древено, Турско Рудари, Трипатанци, Лезово.
- Општина Пробиштип после еден подолг период на стагнација, започна да бележи економски раст, станавме општина во која започнаа да се отвораат нови работни места. Станавме општина која е препознатлива по големиот број на реализирани проекти, проекти од значење за сите граѓани, додаде кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ.
Ново на Сител
-
Три жени осомничени за полови дејствија со деца и детска порнографија во гостиварско
-
Мајка и ќерка повредени кога нивното возило излетало и застанало на пругата кај Стар Мост во Велес
-
Ангелов: До 13:30 часот се евидентирани 16 пожари на отворен простор, од нив осум се активни
-
Македонски државјанин пронајден починат во стан во Саранда
-
Во Свети Николе два пожари, а дел од домаќинствата немаат вода за пиење поради голем дефект
-
Приведени двајца малолетници од Струмица, одзеле возило „Форд“
-
Полициски службеници успешно евакуираа припадник на македонската Армија од огнената стихија
-
Активни пожари во кумановските и селата од општина Старо Нагоричане Бељаковце, Стрезовце, Сув Ора и во Руѓинце