-->
-->
Во Велес концерт на дуото на пијано од Италија Марко Скиаво и Серџо Маркеџиани
-->

На сцената на новиот театар во Велес синоќа концерт на пијано изведе дуото од Италија, Марко Скиаво и Серџо Маркеџиани.
Тие во Велес настапија како дел од програмата на 26-от Интернационален фестивал на класична музика ИНТЕРФЕСТ-Битола, кој започна завчеравечер под покровителство на Министерството за култура, а кој веќе неколку години освен во Битола има и концерти во Скопје и други градови во земјава.
Пред велешката публика светски познатото пијано дуо настапи со дела од Јоханес Брамс: Унгарски Танци во кои публиката вистински уживаше со виртуозната пијано изведба до совршенство на двајцата светски познати пијанисти и ги награди со долг аплауз на бис. Потоа пијанистите, публиката ја наградија со изведба на композиција плус.
Серџо Маркеџани оцени дека имале одлична публика, одлична сала и одличен концерт со кој се многу задоволни, а тоа го потврди и неговиот колега Марко Скиаво.
- Салата има одлична акустика и одлично е што и во Македонија се градат сали според светски стандарди. Ние настапивме со дела од Брамс, а во договор со уметничкиот директор на ИНТЕРФЕСТ-Битола, Милица Шперовиќ Рибарски. Други пијанисти свират по пет-шест унгарски танци, но ние настапивме со комплетната верзија сите унгарски танци што се напишани од Брамс од еден до десет. Потоа го свиревме и вториот дел од унгарски танци до 21, а кои се напишани 20 години подоцна, а со што и публиката можеше да ја слушне разликата и да направи компарација помеѓу првите и вторите Унгарски танци од Брамс,појасни Маркеџани..
Дуото досега имало концерти во музичките центри: Карнеги Хол во Њујорк, Концертхаус и Музикферајн во Виена, Берлинската Филхармонија, Бетовеновата куќа во Бон,Дворжак Хол во Прага, Солис Театар во Монтевидео, како и познатите сали во Париз, Москва, Цирих, Сао Паоло, Вашингтон, Мексико Сити, Астана, Бангкок, Хон Конг, Сингапур и други. Во 2013 тие настапиле на реномираниот Равело фестивал изведувајќи го Моцартовиот концерт за две пијана, К.365.
Врвниот и светски познат Костадин Богдановски кој завчеравечер во Битола го отвори Интерфест, а кој синоќа ги проследи концертот на своите колеги во неговиот роден Велес даде одлични оценки за нивната изведба.
- Мислам дека Велес има потреба од многу нови културни збиднувања, а за тоа има услови и во оваа прекрасна сала за театар и концерти во новата театарска зграда, оцени виолинистот Богдановски.
Тој петнаесетина години настапува како концерт мајстор во светски познатата Опера во Барселона „Grand Teataro de Liceu“.
- Јас очекувам и понатаму културна соработка помеѓу Велес и Битола, а се надевам дека наскоро ќе настапам со свој концерт на виолина во оваа прекрасна сала во мојот роден Велес, најави Богдановски.
Милица Шперовиќ Рибарски уметничкиот директор на ИНТЕРФЕСТ-Битола, информира дека ИНТЕРФЕСТ- Битола веќе две-три години прави дисперзирани концерти и во други градови.
- Со тоа сакаме да и покажеме на цела Македонија, какви врвни уметници на класичната музика доаѓаат во Битола.Тие ќе отсвират еден концерт и ќе се заминат, и затоа ние од ИНТЕФЕСТ одлучивме истиот тој концерт потоа да биде изведен и во Скопје Велес и други градови во земјава и да го проследи што повеќе публика,потенцира Шперовиќ Рибарски.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Заврши општата расправа за законот со кој учениците од верските училишта ќе можат да полагаат државна матура и да се запишат на кој било факултет
-
Мицкоски: Пензиите ќе пораснат за нови 2.000 денари
-
Муцунски: Инвестиции, инфраструктура, подобар живот – надворешна политика што носи резултати
-
Социолошки поглед за модерен Центар | Горан Герасимовски | Неформално | Sitel Podcast 105
-
Владата со препорака за работодавачите во врска со топлотниот бран
-
САД по третпат го напуштаат УНЕСКО
-
Три лица се хоспитализирани - изгаснат пожарот што избувна во Кочани | ВИДЕО
-
Кремљ: Не очекуваме напредок во мировните преговори со Украина