Балкан
7. July 2015 - 17:48

Сликите од грчките пензионери кои плачат пред банките деновиве го обиколуваат светот



Сликите од грчките пензионери кои плачат пред банките деновиве го обиколуваат светот. 

Најголемиот дел луѓе сочувствуваат со нив. Сите тие веројатно не ја прочитале книгата на новинарот на Вол Стрит Журнл Џејмс Ангелос насловна Цлсоната катастрофа – птувњето низ новите грчки урнатини. На Амазон се продава за околу 10 британски фунти а за тие пари ќе добиете една сосема поинаква слика за начинот на кој е пустошена државната каса и степенот на корупција вовлечен во комплетниот државен систем

Голем дел Македонци летуваат на Закинтос, но веројатно само мал дел од нив слушнале дека од 680 жители, колку што постојано живеат на него, дури 498 биле слепи. Анџелос го посетил во 2011 година и се шокирал кога го дознал податокот. Новинарот вели дека почнал да се сомнева во сопствениот вид бидјеќи ретко кој носел очила, а речи си сите возеле автомобил.
Сепак, кога ќе се знае дека да се биде слеп во Грција значи 734 евра помош секој втор месец како и разни други бенефиции, клучно станува прашањето, зошто државата не испратила ниту еден очен лекар таму. Наместо тоа, за островот на слепите редовно одвојувала по 9 милиони евра.

Да се биде инвалид во Грција е уште еден добар начин да се извлечат пари од државната каса. Дури 36.000 од вкупно пријавените инвалиди во земјата не се појавиле на закажаниот лекарски преглед, организиран од Министерството за здравство кој требал да го процени нивниот инвалидитет. Сите го загубиле правото на пензија, а државата заштедила околу 100 милиони евра годишно.

Истражувајќи ги бројките во грчкиот пензиски систем веројатно ќе се зачудите кога ќе дојдете до податокот дека во земјата има неверојатни 8.500 пензионери кои имаат над 100 години. Откако со години ги плаќала, се зачудила и самата грчка држава, па ги проверила податоците. Открила неверојатни 40.000 лажни пензионери. Било утврдено дека Грците масовно забораваат да пријават дека нивните родители починале, но ниту еден од нив не заборавил да ја потроши нивната пензија.

Ако малверзациите со социјалните и пензиските фондови во Грција се сметаат за уникатна вештина, тогаш избегнувањето да се плаќа данок е национален спорт.
Во 11 милионската Грција само 5.000 луѓе пријавуваат дека заработуваат над 90.000 евра годишно. Најголемите бизнисмени пријавуваат годишна заработка меѓу 8.500 и 12.000 евра додека улиците се полни со луксузни вили. Само 300 Грци пријавиле дека во дворот на својата вила имаат базен, а грчките власти, на Гугл Ерт избројале 20.000.

Пресметките велат дека со сите можни измами и комплетната даночна евазија Грција годишно губи околу 20 милијарди евра.