Македонија
7. July 2015 - 16:59

Ѓорге Иванов во општината Ѓаково, место каде твореле браќата Миладиновци

На вториот ден од официјната посета на Хрватска претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов денеска ја посети Општината Ѓаково. Место кое културно ги поврзува двете земји. Тука твореле браќата Миладиновци.

Зборникот на народни песни напишан со грчки букви го превеле на словенско писмо. -Денеска во Ѓаково му оддаваме почит на големиот пријател на тогашните македонци кои оставиле свои дела.

Во Ѓаково е сочуван трезорот на македонската поезија, литература и култура бидејќи тука е отпечатен Зборникот на браќата Миладиновци. Со помош на Штросмаер Македонците се вечно благодарни што е сочувано нашето творептво и овој ден доаѓаме да му оддадеме почит на Штросмаер за тоа што го направи и за 200 години од неговото раѓање, изјави претседателот на Р. Македонија Ѓорѓе Иванов. Во катедралата Иванов положи цвеќе на гробот на Штросмаер.  

Шефот на македонската држава се сретна и со градоначалникот на Ѓаково Зоран Винковиќ и со претставници на локалната македонска заедница кои приготвија богата културно уметничка програма.

Македонските од Славонија ги продолжуваат традициите оставени од нивните предци, да продолжи соработката меѓу двата народи. СТЕНД- Пред 154 години тука во Ѓаково се втемелени македонско хрватските културни врски.

По иницијатива и финансиска помош од Јосип Јурај Штросмаер Константин Миладинов го создал зборникот на браќата Миладиновци, едно од најзначајните дела на македонската книќевност. Сител во Хрватска