Ристески до СДСМ: Еден ден ќе ви биде срам за сето ова што го правите денес
Во изминативе 12 години Вие бевте нашиот главен партнер во спроведувањето на проектите кои Прилеп од едно заборавено и запуштено место го направија град достоен за живот. Град кој стана репер во Македонија како треба домаќински да се работи и вистински пример како треба да се сака својата општина. Вашето мислење и сугестии секогаш беа нашиот компас за реализација на сите поголеми проекти, им порача на прилепчани Марјан Ристески, актуелен градоначалник и кандидат за истата функција на претстојните избори.
Тој порача дека Прилеп се сака со работа и дела, а не со празни зборови како што тоа СДСМ го прави веќе 26 години.
-Доколку не е така нека демантираат со дела, но за жал неможат да се пофалат со ниту еден реализиран проект во Прилеп. Ниту еден. Замислете колку е тоа смешно, а од друга страна и трагично. Па сега ќе го враќале животот назад. Како? Така што ќе гласате за двојазична Македонија и двојазичен Прилеп ? Па нели немаше да има двојазичност, нели немаше да има двојазични пари, униформи на полицијата, војската, двојазични институции …. Како ќе се врати животот назад ? Така што ќе ги избркате сите странски инвеститори од Македонија и илјадници луѓе ќе останат без работа ? Ќе го вратите животот назад со смртта на многуте млади животи во болниците за само 10 дена или со тендери на вашите министри ? Господа од СДС единствено што вие знаете добро да правите е тоа да го лажете сопствениот народ и да ги распродавате националните интереси. Само за да дојдете на власт ветувате изградба на цели населби од мигранти, менување на демографската слика на Прилепи Македонија. Ветувате двојазичност, менување на историјата и промена на името на Македонија. Тоа досега никој го нема направено во целата историја на македонскиот народ. Еден ден ќе Ви биде срам за сето ова што го правите денес. Мојот противкандидат за градоначалник од СДС господинот Илија Јованоски даваше изјава за медиумите од пред Участакот. Г-дине Јованоски прво сакам да ве потсетам дека токму тој Участак комплетно го реконструираше Владата на ВМРО-ДПМНЕ и локалната самоуправа. И второ сакам да ве прашам, дали не ви е срам кога стоите тука пред местото каде што започнала борбата против фашистичкиот бугарски окупатор, а вие денес заедно со вашиот лидер сакате да ја смените историјата на која се гордее Прилеп. Па против кого се бореле паризаните? За кого загинале оние над 600 млади луѓе чии коски се погребани на Паркот на Револуцијата ? Загинале за Македонија г-дине Јованоски. Загинале за слободна, независна и унитарна Македонија. А не загинале за двојазична Македонија, Македонија каде ќе живеат мигранти и каде некој после 73 години ќе посака да го погази нивното дело. Ние, ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата ветуваме дека секогаш ќе бидеме со нашиот народ и никогаш нема да ги предадеме националните интереси како што вие секојдневно тоа го правите. На 15 октомври народот ќе каже во каква Македонија сака да живее, дали во просперитетна, европска и модерна Македонија или во онаа вашата, двојазична, со сменета историја и со наведната глава како Македонци. Народот знае што да одбере, а тоа е работа, дела и отчетност! Да живее просперитетен Прилеп, да живее Република Македонија, порача Ристески.
Ново на Сител
-
Мицкоски: Оваа Влада не ги дели граѓаните по етничка основа
-
Блинкен вели дека 8.000 Севернокорејци на границата со Русија се подготвени за борба со Украина
-
Донесен законот за неработна недела за трговците во Федерацијата Босна и Херцеговина
-
Алкалоид бележи позитивни финансиски резултати
-
УНИЦЕФ: Најмалку по едно дете гине секој ден во Либан
-
Уставниот суд укина одредба од Правилото за сместување и ред во Армијата која се однесува на слободно вршење на верски обреди
-
Апасиев праша за признавање на Палестина, премиерот Мицкоски повика на мир
-
МВР: Зголемен бројот на фишинг-напади и случаи на лажно претставување во име на МВР и директорот на БЈБ, граѓаните да не ги отвораат овие пораки