Неутешните родители останале без двете синчиња а никој уште не е осуден, секое утро се будиме и легнуваме со иста болка
Една година поминала од трагичната смрт на братчињата Никола (13) и Стефан Петровиќ (14) од селото Трска, кои се удавиле во Сребрено Езеро, а нивните родители Сања и Александар и понатаму чекаат правда и казна за одговорните.
Мајката на братчињата вели дека е тешко да се присуствува на судењата и дека тешко е да ги гледа обвинетите.
- Правниот систем е таков за деца никој да не одговара. Не можам да верувам дека судењето трае една година и дека тапка во место, а уште повеќе не можам да поверувам што тие луѓе зборуваат на рочиштата.
- Тие таму зборуваат за тоа дали педалините се исправни или не, дали дале на нив заштитни елечиња или не, дали езерото се гледа од паркингот? За мене тоа е неважно, важни ми се животите на моите деца кои се угасени, како и кој нив ги пуштил на таа педалина - вели очајната Сања.
Таа додава дека обвинетите се бранат со тоа што во педалината имало две заштитни елечиња, но дека тоа не е вистина и дека децата никој не ги прашал дали знаат да пливаат а не па да им понуди елечиња.
- На никој не му е полошо од нас. Секое утро се будиме и секоја ноќ легнуваме со истата болка. Ништо не може да ме смири и утеши. Утеха нема. Барем да ги осудат на една година, или да направат нешто во сеќавање на моите деца можеби би ми било полесно. Но колку што гледам, моите деца на никого не му се важни а тоа боли - наведува мајката на настраданите деца, Сања Петовиќ.
Трагедијата се случила минатата година на 11. септември, кога Стефан и Никола со директорот на училиштето, тренерот од фудбалскиот клуб и другарчињата дошле на Сребрено езеро. Малолетните деца без дозвола изнајмиле педалина и останале на сред езеро. Во еден момент Стефан паднал во вода, па неговиот брат скокнал по него, но набрзо двајцата се удавиле бидејќи не знаеле да пливаат.
Ново на Сител
-
Постапка против 23-годишник осомничен за тешка кражба во износ од 296.000 денари
-
Уапсен 21 годишник, фрлил ќесе со дрога па се обидел да избоде полицаец
-
Три лица повредени меѓу кои и малолетник по пресметка со ножеви во Чаир
-
Сите осомничени за падот на бетонската настрешница во Нови Сад ослободени од притвор
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 20 јуни со завршен збор на обвинетите и одбраната на Палевски
-
Ајатолахот Али Хамнеи го отфрли повикот на Трамп за безусловна капитулација на Иран
-
Новиот „Ајфон“ со преклоп би можел да чини 1.800 до 2.000 евра
-
АХВ: Немаме надлежност за постапување при заштита на здравje при работа и издавање HACCP елаборати