Анѓушев во „Саса“: Владата подготвува мерки за подобрување на условите на рударите
Владата подготвува мерки за подобрување на условите и стандардот на работниците во рударството и мерки за поддршка на компаниите кои ќе можат да ги искористат македонските компании, но и странските инвеститори, како што е и рудникот „Саса“.
Ова го истакна вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев, кој денеска го посети рудникот „Саса“ во Македонска Каменица при што оствари средба со раководството на рудникот.
- Денешнава посета е со цел да поразговараме со раководството на рудникот „Саса“ околу тековните активности, развојните планови и состојбите во рудникот, како еден од најголемите рударски капацитети, како и за актуелната состојба со сите рудници во Македонија. Рудниците се значаен извор на приходите во земјава, но посебно денеска разговаравме околу задоволувањето на европските стандарди и норми во практикувањето на рударството во „Саса“, но и останатите рудници, рече Анѓушев.
Тој информира дека раководството на рудникот „Саса“ ги презентирало развојните проекти, плановите за заштита на околината и за подобрување на работните услови на рударите.
- Владата подготвува низа активности и мерки за подобрување на состојбата на работниците во рударството и во таа смисла го информиравме раководството на „Саса“ што планираме во таа насока. Одговорот од нив е дека тие се спремни за соработка, спремни се да го подобрат животот и стандардот на рударите, но и да го продолжат истражувањето во околината на „Саса“, за да го продолжат животот на рудникот, рече Анѓушев, додавајќи дека раководството искажало подготвеност за соработка со Владата.
При посетата на рудникот вицепремиерот Анѓушев го информирал раководството на „Саса“ и за планираните економски мерки за поддршка на компаниите.
- Ние ги информиравме за мерките што ќе ги преземе Владата во иднина, кои наскоро ќе бидат објавени, а се однесуваат на поддршката на македонски компании за развој, програма која ќе можат да ја користат и странските инвеститори во бесцаринските зони. Таквите мерки ќе бидат интересни и за „Саса“, истакна Анѓушев.
Ново на Сител
-
Две лица приведени при обид да ограбат маркет во Чаир, по едно лице се трага
-
Вучиќ тврди дека се подготвуваат за 19 септември демонстрации против Канцеларијата за Косово и Метохија
-
Кај Дебар спречен шверц на добиток од македонска на албанска територија
-
Средба на министерот Муцунски со генерална директорка на Светската трговска организација
-
Приведен жител на неготинско Криволак, пријавен дека нападнал малолетник
-
Меси: Што и да биде и што носи иднината – само Бог знае
-
Академски пленум: Вучиќ итно да поднесе оставка
-
Зеленски ја отфрли идејата на Путин за средба во Москва: Тој „може да дојде во Киев“