Прегазена малолетничка - синоќа две страотни сообраќајки во Македонија
Три лица се повредени и е причинета материјална штета од 145 илјади денари во две сообраќајни несреќи што вчера и изминатата ноќ се случиле во полошко, најверојатно како последица на неприлагодена брзина односно пребрзо возење, соопшти денеска портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски.
Со тешки телесни повреди се здобила 25-годишната М.И. од Тетово откако загубила контрола врз автомобилот „Голф“ со тетовски таблички по што излетала од коловоз и удрила во бетонски столб од ограда пред куќа и метална врата. Несреќата се случила вчера околу 19 часот и 15 минути на влезот во селото Камењане. Од ударот М.И. се здобиле со тешки телесни повреди и со друго возило била однесена во тетовската клиничка болница од каде по укажаната помош била препратена на скопските клиники каде била задржана за понатамошно лекување. Материјалната штета се проценува на околу 100 илјади денари.
Втората несреќа се случила околу 2 часот и 45 минути по полноќ на улицата „Браќа Ѓиноски“ на мостот над Вардар во Гостивар. Возилото „Опел Астра“, управувано од 34-годишниот Ј.Ј. од Гостивар, удрил во шеснаесетгодишна малолетничка и 19-годишната Б.К. исто така од Гостивар, како и врз металната ограда од мостот.
Од ударот двајцата пешаци се здобиле со телесни повреди и биле пренесени во гостиварската болница од каде по укажаната помош биле пуштени дома. Материјалната штета се проценува на 45 илјади денари.
Полицијата по овластување на јавен обвинител извршила увид на местата од двете сообраќајки и работи на целосно расчистување на случаите. Според портпаролот Јосифовски, причината за двете сообраќајки најверојатна најверојатно е пребрзо возење.
Ново на Сител
-
За моето семејство напаѓам како лав | Роберт Спасенцовски - Џокер | Sitel Podcast 117
-
Николоски: На 19-ти да гласаме, од 20-ти да работиме, време е за промена и во Валандово
-
Мицкоски: Трилингот СДС-ДУИ-Левица се обидува да ја врати Македонија назад, ВМРО-ДПМНЕ се што ветува реализира
-
Мачадо: Нобеловата награда за мир е „огромно признание за борбата за сите Венецуелци“
-
Крадел производи поставени пред маркет и нападнал вработена - приведен кавадарчанец
-
Граничниот премин Рафа меѓу Газа и Египет ќе се отвори на 14 октомври, соопшти Италија
-
Путин: Трамп направи многу за мирот
-
Израел: Хамас е поразен „секаде каде што се боревме против него“