„Прото Тема“: Како Дунав може да стигне до Солун
Грандиозниот проект за поврзување на српскиот главен град Белград со Солун по воден пат, преку Морава и Вардар, може да го претвори грчкото пристаниште во клучен центар за транспорт на стоки кон Средна Европа, наведува атинскиот весник „Прото Тема“.
Весникот потестува дека станува збор за заеднички проект на Грција, Македонија и Србија, за чија реализација е особено заинтересирана Кина, кој би чинел 17 милјарди американски долари.
Според „Прото Тема“, станува збор за идеја на грчкиот премиер Алексис Ципрас, која сака неговото име да биде поврзано со овој значаен проект, кој би му донел големо геостратешко значење на Солун.
Каналот за поврзување на Дунав со Егејското Море, треба да биде долг 650 километри и со него Солун ќе стане достапен по воден пат и за земјите од Средна Европа. Проекрот е приоритет за владите на Грција, Македонија и Србија, но и на Кина, која е заинтересирана за изнаоѓање алтернативни патишта за побрз и поевтин транспорт на нејзини стоки до Европа, наведува „Прото Тема“.
Весникот додава дека за реализацијата на овој проект било разговарано и на неодамнешната среба на грчкиот премир Ципарс со српскиот претседател Александар Вучиќ во Солун.
Приврзаниците на изградбаата на каналот „Вардар-Морава-Дунав“ сметаат дека овој проект ќе овозможи побрз транспорт на стоки до пазарите во Средна и Северна Европа, но и до Црното Море и регионот на Кавказот, со што би се намалило значењето на теснецот Босфор, додава „Прото тема“.
Според планот, предвидено е оспособување на Вардар и Морава за речна пловидба и изградба на канал за нивно поврзување, кој би бил долг околу 30 километри.
Белград целосно ја поддржува реализацијата на овој проект, бидејќи тој ќе и овоможи на Србија врски со Средна Ееропа, но и директен пристап до Медитеранот. Од своја страна, Кина ја смета Србија за важен дел од нејзиниот нов „пат на свилата“, чија цел е забрзување на транспортот на кинески стоки до Европа, смета грчкиот весник.
„Прото тема“ потсетува дека ова не е прв план за изградба на пловен канал што ќе ги поврзува Солун и Белград, додавајќи дека таква идеја постоела уште кон средината на 19-от век, кога моќната Австро-унгарска Империја иницирала проект за поврзување на Виена со Егејското Море по воден пат.
Ново на Сител
-
Ристески: Покачувањето на плата на јавната администрација треба да биде во контекст со подобрување на економската состојба во Македонија
-
Ме боли кога луѓе кои не ме знаат зборуваат невистини за мене | Давид Давидовски | Sitel Podcast 078
-
Германскиот кабинет планира да и дозволи на армијата да соборува нелегални беспилотни летала
-
Врнежи од снег со слаб интензитет во Кичево, Пресека и Буково, активни забрани за тешки возила на неколку правци
-
Мицотакис преку писмо до Фон дер Лајен бара да се најдат брзи решенија за цените на енергијата во ЕУ
-
Утре завршува новогодишната кошничка
-
Знамето со сонцето од Кутлеш забрането на СП во ракомет во Хрватска
-
23-годишна мајка од гостиварско ја малтретирала својата поќерка