Црвен крст Кавадарци подели флаери за однесување при топлотни бранови
Флаери со информации за тоа како населението треба да се однесува при топлотни бранови им поделија денеска волонтери на Црвениот крст на случајните минувачи во централното градско подрачје на Кавадарци.
Секретарот на Општинската организација на Црвен крст Розе Илова, информираше дека целта е кавадарчани да имаат повеќе информации, за тоа како најдобро да го поминат периодот на пеколни горештини.
- Имаше голема заинтресираност за оваа актуелна тема, беа поставувани прашања за тоа како луѓето да се заштитат и како да постапат при главоболка, интензивна жед, вознемиреност и слично. Волонтерите укажуваа да не се излегува надвор од 10 до 17 часот ако не е неопходно и да се избегнуваат спорт и физичко рекреативни активности во тој период, соопшти Илова.
Таа нагласи дека и во иднина како и досега, оваа хуманитарна организација ќе работи на хуманоста, но и на превентивната едукација, со цел подобар живот за сите.
Ново на Сител
-
Утре температура до 39 степени, следните денови уште потопло
-
Се враќа оградата пред владината зграда во Скопје
-
Пожар на ридот меѓу Горно Коњари и Миладиновци
-
Земјотрес со јачина од 3,4 степени во близина на Охрид
-
Патриоти за Европа нова група во ЕП или само ново име за десничарската Идентитет и демократија
-
Папата на католичка конвенција во Трст: Демократијата во денешниот свет не е во многу добра состојба
-
Илјадници Израелци денеска протестираа на автопатот меѓу Ерусалим и Тел Авив, блокирајќи крстосници и палејќи гуми
-
Следува период на многу топло време, температурата до 40 степени