-->
-->
Отворање на 24. Интернационална кичевска ликовна колонија
-->

Во Куќата на уметноста во кичевското село Кнежино денеска ќе биде отворена 24. Интернационална кичевска ликовна колонија, која ќе трае до 22 јули.
На колонијата ќе учествуват 24 еминентни ликовни уметници, академици и професори од Кина, Индија, Романија, Хрватска, Турција, Казахстан, Албанија, Косово, Иран, Бугарија, Црна Гора, Србија, Кипар, Египет и Македонија.
Целта на Колонијата во Кнежино е да го поттикнува, развива и унапредува ликовното творештво, да ги збогатува постојните ликовни фондови со нови современи уметнички творби.
Колонијата се одржува 24 години во континуитет и во нејзини рамки досега се создадени над 1300 уметнички дела, а во депото во Куќата на уметноста има над 900 дела од светски познати мајстори.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Велика Британија од денеска ќе бара патни дозволи од 85 земји
-

Франција прогласува 294 општини за подрачја погодени од природна катастрофа
-

Турски воен авион се урна на автопатот Измир-Истанбул, загина пилотот
-

Минусни утрински температури на Попова Шапка, Маврови Анови и Охрид, во Гевгелија 10 степени
-

Global Digital City 2026 во Тетово
-

Без струја делови од Центар, Чаир и Студеничани
-

Министерот Љутков во работна посета на Кичево по изборот за Град на културата 2026
-

Со нови сведочења продолжува судењето за пожарот во „Пулс“
