Николовски очекува целосно да се расчисти случајот со поранешниот генерален секретар на Владата
Вицепремиерот за борба против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски очекува целосно да се расчисти случајот со поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци.
Николовски вечерва во централниот дневник на телевизија „Сител“ рече дека очекува низ фер, транспаретна и демократска постапка со почитување на пресумкцијата на невиност да се донесе одлука и да се утврди дали има вина во случајот и дали се прекршени законите.
– Помина времето кога институциите не смееја да помислат или да споменат имиња на функционери, а камоли да подигнат документација. Сериозна и непоколеблива е борбата против корупцијата и криминалот, паралелно целосно почитувајќи ја песумкцијата на невиност. Токму ова потврдува дека нема недопирливи. Но, институциите се тие кои треба да го кажат последниот збор. Во овој случај тоа е судот. Во никој случај не смееме да се мешаме ниту во одлуките, ниту во тоа што судските и правосудните инстанци го работат, рече Николовски.
Во однос на случајот „Двојник“ ги охрабри институциите да продолжат со активностите за длабински да се расчитат работите, да се презентираат пред јавноста и да се процесуираат низ институциите на системот.
– Ниту еден друг не може да се обидува или да успее во саботирањето на таквите операции кои имаат силна меѓународна поддршка, истакна Николовски.
За обвинувањето дека е вмешан во шверц со тутун, рече дека се работи за лажни конструкции.
Ново на Сител
-
СПМ: Не сме изненадени од изјавите на одредени домашни лица и нивното упорно користење на „северна“
-
Тешка сообраќајка на патот Кичево-Охрид, повредени три лица
-
Пронајдена неиспукана артилериска граната покрај железничката пруга во атар на село Виничани
-
Герасимовски: Пријавувајте проблеми со јавна чистота, досега пријавени 159 проблеми
-
Викендов променливо и нестабилно време, со локален пороен дожд и појава на невреме
-
Претрес во Битола, пронајдена дрога
-
ЕУ го повика Израел „веднаш“ да ја прекине воената операција Рафа
-
Два пожара на отворено регистрирани изминатото деноноќие