Николовски-Брнз: Актите на Бајден се охрабрувачки пораки за стабилен Западен Балкан
Вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата Љупчо Николовски и американската амбасадорка Кејт Брнз на денешната средба разговарале за Извршната наредба на претседателот на САД, Џо Бајден, со која им се дава овластување на сојузните власти да блокираат имот и да им забранат влез на сите лица за кои администрацијата во Вашингтон ќе оцени дека работат на дестабилизација и против клучните договори во регионот на Западниот Балкан, вклучително и Република Македонија.
Од Кабинетот на вицепремиерот информираат дека Николовски изразил задоволство што во Извршната наредба е ставен фокус и на борбата против корупцијата, што е еден од врвните приоритети на Република Македонија. Во тој контекст, вицепремиерот Николовски ја известил амбасадорката Брнз за мерките и активностите што Владата на РМ ги презема за спречување на корупцијата, како и за реализацијата на владиниот План за борба против корупција.
-Амбасадорката Брнз ја потенцираше важноста од преземање мерки за борба против корупцијата, што е во интерес на сите граѓани на Македонија, но истовремено е важно за евроинтеграцискиот напредок на државата. Исто така, амбасадорката Брнз, ја потврди поддршката на САД за Македонија и нејзините граѓани на евроатлантскиот пат, соопштуваат од Кабинетот на Николовски.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија