-->
-->
Николоски: Оддаваме почит на хероите од Карпалак кои ги дадоа животите за Македонија
-->
Тука сме денес да оддадеме почит на хероите коишто бранејќи ја Македонија, независноста, целовитоста, унитарноста на Македонија во 2001 година ги дадоа своите животи на Карпалак. Нивниот спомен е вечен, тоа е спомен кој што ќе остане векови пред нас, генерации да се сеќаваат како се бранеше и се одбрани Република Македонија, но во исто време тоа е и завет за иднината, за следните генерации да го продолжат нивното дело да се гради Македонија како просперитетна, суверена, самостојна, економски стабилна држава, да се гради Македонија како напредна држава. Така што денес затоа сме тука да оддадеме почит и да кажеме слава им на овие херои.
Дозволете ми во оваа прилика зборувајќи за стабилна, напредна и економски просперитетна Македонија, но и Македонија во која што ќе има функционална правна држава и функционален систем на владеење на правото уште еднаш да отворам една тема која што е многу актуелна во Прилеп, а тоа е поврзана со безбедноста на Прилеп и на прилепчани.
За жал градот се претвори град од див запад, град во кој што царува мафијата, која што е во спрега со они со кои што треба да го спроведуваат законот, мафијата која што не само што не е созбиена од полицијата, туку е во соработка со истата. Поминуваат недели од некои случаи, дури и месеци без да се откријат сторителите на запалените возила тука во Прилеп, пред се тука мислам на пратеникот Петар Ристески, кој што е денес до мене, исто така на директорот на јавното претпријатие, исто така на вработена во општината и бројни други случаи за коишто чаршијата во Прилеп гласно заборува, ама ете надлежните органи никако да ги откријат.
Ги повикувам да ги откријат затоа што добро знаеме сите кои се. После промената на власта секако дека ќе бидат и откриени и казнети, но заради безбедноста на градот, добро е да бидат веднаш процесуирани затоа што ниеден криминал нема да биде заштитен.
Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осумдесетгодишник од Теарце со изгореници заврши во болница откако му се запали домот
-
Силјановска-Давкова утре ќе го почне претседателскиот мандат со свечена изјава во Собранието
-
Честитка до Мицкоски од МД „Илинден" и Македонците во Албанија, за двојната победа на изборите
-
Силјановска Давкова: Добивањето на уверението од ДИК и прогласувањето во Собранието се формално финале на изборите
-
Приведени двајца кумановци за поседување дрога
-
Променливо време со повремен дожд и во наредните денови
-
Априлската инфлација во Албанија 2,1 отсто и понатаму најниска во регионот
-
Српско МВР: Се утврдуваат фактите и околностите под кои во полицијата починал Д.Д. осомничен за случајот со Данка И.