Невреме во повеќе делови на Грција
Обилниот дожд и силниот ветер со над 100 километри на час што вчера ја зафатија Грција создадоа проблеми во повеќе делови од земјата.
Најпогодени од невремето беа регионот Епир и островот Крит, а проблеми имаше и во поморскиот и авионскиот сообраќај поради силниот ветер, јави дописничката на МИА од Атина.
Во градот Арта во областа Епир, силниот и обилен дожд предизвика проблеми на патната мрежа.
Во повеќе делови на Грција, бродовите останаа закотвени на пристаништата по забраната за пловење издадена поради силниот ветер, а на Крит, авион што полетал од Атина, откако не можел да слета во градот Ираклио на островот, повторно се вратил во грчката престолнина.
Според грчката национална опсерваторија, најсилен ветер со брзина од 116 километри на час бил регистриран во планинското село Мавролитари во централна Грција.
Ново на Сител
-
Русија утринава почнала масовен ракетен и напад со дронови врз Украина
-
ЛШ: ПСЖ ја пречекува Борусија и се надева на второ финале
-
„АстраЗенека“ ја повлекува од пазарот во ЕУ својата вакцина против Ковид-19, неколку месеци по признавањето за нуспојави
-
Одложено судењето на Трамп за тајните документи, датум за продолжување на процесот не е утврден
-
Двојните избори ги следат 1303 домашни и 860 странски набљудувачи, акредитирани за известување се и 83 странски новинари
-
Упатство за гласање
-
Отворени избирачките места
-
Право на глас на претседателските избори имаат 1.814.317, а на парламентарните 1.815.350 гласачи